Американското Министерство за одбрана објави дека испраќа повеќе од 400 војници, десет борбени авиони Ф-18А и неколку авиони Ц-130 во Источна Европа.

Потсетиме, Пентаон предупреди дека, иако во последните денови помал број руски сили се оддалечија од Киев, Русија сепак може да изврши брутални напади врз градот.

– Сметаме дека ова е репозиционирање, а не вистинско повлекување и сите треба да бидеме подготвени за голема офанзива во другите области на Украина. Тоа не значи дека заканата за Киев е завршена – изјави секретарот на Пентагон Џон Кирби, пренесува Си-Ен-Ен.