„Мојата прва теза е дека најповолни услови за мултиетничка кохезија нуди функционалната демократија. Во едно етнички, јазично и верски хетерогено општество, какво што е македонското, единствено функционалната демократија може да осигура заеднички живот за различните идентитети. Функционалната демократија овозможува хармонизирање на интересите, заедничко градење на политиките и обединување околу јавниот интерес“, изјави претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски на конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“.
„Мојата втора теза е дека и внатрешната кохезија и функционалноста на демократијата директно зависат од европските интеграции и од тн. европски вредности, кои, пак, имаат дополнително значење во нашиот специфичен домашен контекст“, додаде Пендаровски.
Претседателот потенцираше дека сме позитивен пример со нашиот пристап кон градењето на односи на почитување и соработка меѓу различните етнички и верски заедници.
„Историското искуство не научи да не се плашиме од различните, туку да ја прифатиме и почитуваме различноста“, изјави Пендаровски.
монтажа: Ариан Мехмети
извор Цивилмедиа