ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во периодот од 14.04.2026 година Понеделник во 08:00 часот, ке се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол, км 105+332 со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е се уште затворен за сообраќај за сите видови возила.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
