Средствата од последното тромесечие преку проектот “Мој ДДВ” се исплатени на граѓаните.

Се работи за исплата кон илјадници граѓани на повратокот од данок преку проектот Мој ДДВ за октомври, ноември и декември минатата година.

Мерката Мој ДДВ ја користат повеќе од половина милион македонски граѓани, а досега УЈП исплатила над 120 милиони евра назад кон граѓаните.