Цените на нафтата паднаа за повеќе од еден процент додека инвеститорите го следат развојот на настаните во Црвеното Море, каде што превозниците се враќаат и покрај вчерашните напади на бродови од Јемен.

Барел нафта од типот „брент“ моментално се продава за 80,05 долари, а барел американска сурова нафта чини 74,54 долари.

Данската бродска компанија „Маерск“ објави дека закажала пловидба на неколку десетици контејнерски бродови низ Суецкиот канал и Црвеното Море во наредните недели, откако повика на привремена суспензија на тие рути овој месец по нападите на јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран. .

Француската CMA CGM, исто така, најави дека ќе продолжи да го преминува Црвеното Море по распоредувањето на мултинационална работна група во регионот.

Извор: BiznisPRO.com