Општина Центар согласно своите надлежности, започна со вонредни инспекциски надзори и контроли на правни субјекти што функционираат на територијата на општината, а коишто користат јавна површина за поставување на урбана опрема.
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ги спроведува ваквите контроли, со цел спречување на поставување и отстранување на нелегално поставена урбана опрема. Правните субјекти што имаат поставено урбана опрема на јавна површина се должни да го усогласат своето работење, согласно одобрението што го имаат добиено од Општина Центар и Град Скопје.
Сите правни субјекти што немаат соодветно одобрение за поставување урбана опрема на јавна површина ќе добијат глоби и казни од инспекциските служби на Општината.
Сите заинтересирани за поставување на урбана опрема на јавна површина во Општина Центар, барањето можат да го најдат на следниов линк. (https://www.centar.gov.mk/?page_id=17933)