На 08.12.2025 година во 15:45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, кај наплатната станица Тетово на патниот правец Гостивар – Тетово, лишиле од слобода 35-годишна жена од Гостивар.
При сообраќајна контрола со радар било утврдено дека таа управувала патничко возило марка „ауди“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час, на делница каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е 80 километри на час.
Лицето е задржано во полициска станица, а против неа ќе следува пријава за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
