Охрид е завиен во црно, откако се дозна за трагичната смрт за младиот Кристијан Љушев кој имаше само 28 години.

Љушев во Охрид, но и пошироко беше познат како млад фотограф и продуцент.

Медиумите известуваат дека младиот Љушев загинал во несреќа во објект во изградба.

Од полицијата се очекуваат дополнителни информации во текот на утрешниот ден.