Во Црна Гора струјата од 1 јануари треба да поскапи за 5,63 отсто, изјави директорот на Регулаторната агенција за енергетика Игор Телебак.

Тој изјави дека конечниот процент од поскапувањето ќе се знае во понеделник на 27 ноември по седницата на УО на Агенцијата за енергетика.

Претходно и црногорскиот електродистрибутивен систем поднесе барање до Агенцијата за поскапување на струјата.

Телебак соопшти дека зголемувањето на месечната сметка за домаќинствата со двотарифно мерење ќе изнесува 1,51 евро или 5,63 отсто.

Извор: BiznisPRO.com