Денеска новинарот Џабир Дерала, во германскиот Бундестаг ќе ја прими Наградата за солидарност за новинари од Југоисточна Европа.
Церемонијата ќе се одржи во германскиот парламент во присуство на претставници од парламентот, владата, медиумите и граѓанското општество.
Церемонијата ќе започне во 18 часот со поздравниот говор на Мануел Саразин, претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа и обраќањето на Јосип Јуратовиќ, претседател на германско-југоисточна парламентарна група на Европа, заменик-претседател на Асосијацијата на Југоисточна Европа, по што ќе му се додели наградата на Дерала.