На 01.11.2026 во 18:30 часот на регионален пат Радовиш – с.Ињево, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода две лица на возраст од 26 и 24 години, двајцата од Радовиш.

При извршен преглед кај нив, кај 24-годишникот била пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.