Нов вирус кој прави чистка на вашата картичка. Според информациите на медиумите, банкоматите низ Европа се цел на нов опасен софтвер.

Се работи за нов вирус, тип кој ги таргетира банкоматите во Европа, наречен EU ATM Malware, а добива популарност со невидена ефективност од 99%.

Новиот примерок на овој малициозен софтвер е многу ефикасен против голем број банкомати од големи производители.

Според податоците објавени од медиумите од еден банкомат за неколку минути може да се подигнат до 30.000 долари.

Присуството на различни режими на работа му овозможува да се прилагоди на специфични цели и услови за напад. Инаку нападите на банкоматите се многу популарни и профитабилни, пред се затоа што веднаш обезбедуваат готовина, наведуваат медиумите.