На 31.12.2025/01.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 42-годишно лице, 45-годишно лице, 36-годишно лице, 28-годишно лице и 25-годишно лице, сите од Скопје, како и 19-годишно лице од село Катланово, скопско, 37-годишно лице од Кавадарци, 31-годишно лице и 27-годишно лице, двајцата од Куманово и 23-годишно лице од Турција, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, розева прашкаста материја, марихуана, дробилка и други предмети.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.