„Кога ја наметнаа тезата дека Македонците се граѓани од втор ред во својата држава со што ги подгрејаа националните чуства кај нив очекувајќи дека сега новата власт предводена од патриотската ВМРО ДПМНЕ, во сослужение со навидум тврдокорниот Максим Димитриевски, ќе ги сместат Албанците онаму кај што им е местото. Тоа сепак не се случи и ние сме сведоци на проста замена на една политичка сила на Албанците со друга на која сѐ уште не можеме докрај да и ги видиме крајните цели“, вели Љубиша Николовски за „Рацин.мк“.

Според него огромно е разочарувањето кај оние граѓани кои со многу жар и верба во подобри времиња гласаа за промени и залудно им ја дадоа довербата на ВМРО ДПМНЕ.

„Она што загржува е дека не само во првите месеци од владеењто на оваа Влада, туку дека ако вака се продолжи вака ќе биде исто, дури и полошо, и во наатамошниот период од управувањето со државата“, оценува Николовски.

Тој исто така потсетува дека Мицкоски ги употребуваше синтагмите „пеколно темпо на работа” и „брза лента” на која ќе ја стави Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

„Од сегашните изјави и постапки очигледно е дека таа лента нема доволно гориво ни да се придвижи“, смета Николовски.