Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска извши увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. На својот фејсбук профил објави дека автопатот се гради со одлично темпо.

” На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид – Кичево. Одличен напредок!

Што би рекол нашиот народ – „Се гледа крајот“

Брз, сигурен и најсовремен автопат, со најдолгите тунели во Македонија, галерии и вијадукти е на повидок.

Ја градиме Македонија! – објави вицепремиерот Николоски.

фото Министерство за транспорт