Раководството на Либерално демократската партија распуштило четири општински организации на партијата по образложение дека тие не учествувале активно во кампањата на последните парламентарни избори, дознава 24инфо.мк.
Извори на порталот во ЛДП брифираат дека на последната седница на Централниот одбор на ЛДП, наместо кон понесување одговорност на претседателката и генералниот секретар на партијата, раководството за изборниот пораз прстот го вперило кон претседатели и раководства на општински организации кои оствариле добар резултат.
Три раководства од скопскиот (Кисела Вода, Центар и Аеродром) и едно од раководствата во Пелагонискиот регион (Прилеп) се распуштени и истите поднеле жалба до Собранието и до ЦО на ЛДП.
Тие пак жестоко реагираат дека станува збор за самоволие и тврдат дека распуштањето е надвор од Статутот на партијата.
„Сметаме дека оваа одлука е донесена тендециозно, со цел елиминирање на поединци, членови од поедини Општински огранизации или цели Општински организации кои не се согласуваат со политиките на сегашното раководство. Таквиот начин на отстранување на членовите на партијата кои не се согласуваат со политиките на актуелното раководство, не е ниту демократски ниту либерален начин на водење на партијата и наликува на тоталирарни и антидемократски партии, а не модерни европски партии“ се вели во жалбата поднесена до Собранието и ЦО на ЛДП, пишува 24инфо.мк.
Целиот текст прочитајте го на 24info.mk (ЛИНК)