Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 15 до 28 степени.

Најсвежо ќе биде во западните и повисоките предели, каде дневните температури ќе бидат околу 15 до 22 степени, додека најтопло ќе биде во југоисточниот дел од земјата, каде температурата ќе се искачи до 28 степени.