Денес ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.).

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта и утре претпладне врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка (2-10см). Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула.