На 26 октомври 2024 година, во 15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на кружниот тек од улиците „Александар Урдаревски“ и „Боца Иванова“ во Скопје, патничка во автобус на ЈСП паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

Жената била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани повредите. На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје за да ги утврди околностите на несреќата.