Новото истражување открива дека 50 отсто од срцевите пациенти имаат еден симптом ден пред срцев удар.

Според научниците од Институтот за срце Шмит во Лос Анџелес, жените и мажите често доживуваат предупредувачки знак за претстојна, а понекогаш и фатална здравствена криза.

Жените најмногу доживуваат отежнато дишење, додека мажите чувствуваат болка во градите, според истражувачите кои ги објавија своите наоди во списанието Лансет Диџитал.

Други, поретки предупредувачки знаци што ги чувствуваат двата пола вклучуваат напади и абнормално потење.

– Ова знаење може да доведе до рана интервенција и превенција на смрт. Нашето откритие може да доведе до нова парадигма за спречување на ненадејна срцева смрт – изјави главниот автор на студијата Самет Чунг.

Истражувањето користело податоци од две студии за срцеви застоји во Калифорнија и Орегон, во кои биле опфатени пациенти на возраст од 18 до 65 години. Истражувачите, исто така, разгледувале луѓе кои имале слични симптоми, но не доживеале срцев удар.

– Пациентите кои ќе забележат предупредувачки знак и ќе повикаат брза помош пред да колабираат поради ненадеен срцев удар имаат пет пати поголеми шанси да преживеат – велат научниците.