Црвената планета Марс денес изгледа суво и налик на пустина, но научниците веруваат дека некогаш можела да биде дом на самиот живот.

Неодамнешните истражувања сугерираат дека условите на Марс некогаш биле поволни за формирање на органски материјал неопходен за почеток на животот. Според истражувањето објавено во списанието Сајантифик репортс, истражувачите од Универзитетот Тохоку ги испитувале можните услови на Марс пред неколку милијарди години.

Нивните компјутерски модели покажуваат дека атмосферскиот формалдехид на Марс би можел да биде клучен за создавањето на биомолекули, како што се амино киселините и шеќерите, кои се основните градбени блокови на животот.

Анализата сугерира дека присуството на формалдехид најверојатно се должи на изобилството на одредени хемиски соединенија во древната атмосфера на Марс, вклучувајќи јаглерод диоксид, водород и јаглерод моноксид.

Според тимот на истражувачи, овие откритија навестуваат дека Марс можеби бил збогатен со био-важни соединенија, особено шеќери, кои би придонеле за потенцијалната еволуција на животот на таа планета, пренесува Indy100.