СВР Тетово поднесе кривична пријава против две 18-годишни лица од селото Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според пријавата, на 24.09.2025 година, во приватно училиште во тетовско село, по претходни недоразбирања, осомничените физички нападнале 16-годишно момче од селото Врапчиште, гостиварско.