На 22.12.2025 година во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје, во село Кондово, општина Сарај, шест лица физички нападнале 15 годишник од село Радуша, скопско.

По нападот врз малолетникот, истите лица физички го нападнале и возачот на автобусот, 38 годишен жител на село Радуша.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.