На 16.12.2025 година во 13:35 часот во Полициското одделение Галате, 62-годишен жител на селото Сенокос, гостиварско, пријавил дека на 12.12.2025 година околу 15:30 часот, додека се движел со својот трактор по регионалниот пат во селото Сенокос, бил нападнат.
Според пријавата, жител од истото село со тврд предмет удрил во задното стакло од кабината на тракторот и го скршил, по што заедно со уште неколку лица со тврди предмети физички го нападнале пријавителот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
