На 02.11.2026 во 13:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје, во присуство на родител, извршија службен разговор со 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во двор од средно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров физички нападнал 18-годишник од Скопје, а потоа заедно со неговите другари му упатиле и закани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.