Велика Британија ја погоди невремето „Ингун“. Поаѓањата на возовите вчера беа откажани поради налетите на ветерот со брзина од 100 милји на час (над 160 километри на час). Граѓаните се предупредуваат на „повреди и опасност по животот“.

Бурата, именувана од Норвешкиот метеоролошки институт, вчераутро стана „темпирана бомба“, пишува „Дејли мејл“ и наведува дека нејзиниот централен притисок паѓа и до 50 милибари во текот на 24 часа.

„Критериум за таков настан е 24 милибари за 24 часа, што значи дека системот со низок воздушен притисок имал исклучително брзо продлабочување со двојно поголема брзина“, пишува британскиот весник.

Невремето донесе ветрови со брзина од 106 милји на час во Шкотска вчера. Метеоролошката канцеларија на Велика Британија издаде жолто предупредување за силни налети на ветер за делови од северна Англија, цела Шкотска и делови од Северна Ирска денеска до 19 часот.

Граѓаните се предупредуваат на „повреди и опасност по животот“ од „летачки шут“ и „големи бранови и материјал од плажата кои се фрлаат на морскиот брег, крајбрежните патишта и имотите“.

Исто така, беше наведено дека ќерамидите може да летаат од покривите, може да има прекини на струја и постои можност за подолги патувања бидејќи се засегнати патните, воздушните и траектните услуги.

Исто така, најавено е дека некои патишта и мостови може да бидат затворени поради лошите временски услови.

Норвешка е следна

Властите во Норвешка предупредија и дека земјата може да ја погоди „Ингун“, која ја нарекоа најмоќната бура во последните три децении. И таму граѓаните се поканети да останат внатре. „Ингун“ во текот на денот се очекува да ја погоди централна Норвешка, а утре да се движи кон северот на земјата.

Се очекува ураганските ветрови да достигнат брзина од 126 до 180 километри на час, соопшти локалната полиција. Исто како и во Британија, авиокомпаниите и фериботите предвидуваат прекини во нивните услуги.

Властите објавија црвен аларм, највисоко ниво, за областа околу градот Трондхајм, како и островите Лофотен, северно долж брегот на Арктикот.