Тринаесетгодишно момче од Италија ги загубило левиот палец и двата прста на десната рака кога му експлодирала петарда во раката.

Жената која наводно ја продала петардата е пријавена и уапсена.

Во нејзината куќа биле пронајдени и одземени бројни нелегални пиротехнички средства од страна на полицијата.

Несреќата се случила доцна вечерта на 28 декември.

Момчето, кое првично било пренесено во болницата во Таранто, потоа било пренесено во болницата во Бари, каде било примено на одделот за пластична хирургија.

Тој се здобил и со повреда на окото која, за среќа, нема да остави трајни оштетувања.