Во текот на вчерашниот ден, во 20.00 чaсот на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани и Единицата за брзо распоредување извршиле контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со француски национални ознаки, управувано од З.Н.(39) од Кочани.

При контролата било констатирано дека сообраќајната дозвола и регистарските таблички не соодветствуваат.

Возилото било одземено и за случајот бил запознаен Јавен обвинител. По негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава- се вели во најновиот извештај на МВР.