На 30.07.2025 во 15:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од угостителски објект на плажа во туристички комплекс во близина на Охрид се слуша гласна музика која го нарушува јавниот ред и мир.

Полициски службеници извршиле мерење на јачина на бучава со фонометар, при што било констатирано дека била надмината дозволената јачина. По целосно документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.