„Политиката не бира средства, па дури и за вакви сензитивни теми, како што е убиството на Вања“, констатира Дехран Муратов, во серијалот „Ослободи го умот“, на кој се зборуваше за дезинформациите и политичката злоупотреба на убиството на Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, за руските пропагандни наративи, како и за говорот на омразата кои ги идентификуваше Мониторинг тимот на ЦИВИЛ.
Муратов зборуваше и за „одбраната“ на првоосоничениот Љупчо Палевски, од неговите сопартијци кои неговото апсење го претставија како напад на неговиот патриотизам.
„Не се апси затоа што е убиец, туку затоа што е голем македонски патриот – е еден од наративите што го шират ултрадесничарските групи и партии“, посочи Муратов.
Таа група Муратов дополнително не ја комнтираше, туку заклучи дека тоа е обврска на МВР и Јавното обвинителство.
„Треба да видат која е таа група, затоа што, според моите пребарувања, дел од нејзините креатори не живеат во Македонија, туку во Австралија или Канада, но шират „патриотизам“ и македонизам за Македонците во Македонија, да ги проверат сите профили кои го одобруваат, подржуваат и лајкуаат. Да, презумнција на невиност, но кај нас жртвата пред сè, треба да се брани“, вели Муратов.
Дополнително, Муратов нагласи дека дека монструмите и убијците не треба да се поврзуваат со етничка, верска или политичка припадност!
Извор: Civilmedia.mk