На 29.10.2026 во 13:30 часот на ул. „Киро Ристовски Дрниц“ во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 40-годишен жител на Тетово.

Претходно, 33-годишен жител на Тетово пријавил дека му испаднал неговиот паричник со пари и лични документи и дека сведоци на настанот го известиле дека 40-годишниот тетовец го земал паричникот и заминал со велосипед.

Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.