Момче (14) денеска било удрено од трамвај на улицата Јурија Гагарина во Нов Белград, при што итно е пренесено во Ургентниот центар со повреди на ногата и главата, дознава српски Телеграф

Како што објаснија очевидци, момчето ја преминало улицата без да внимава на сообраќајот, а трамвајот не можел да закочи во моментот на несреќата.

– Една госпоѓа виде дека носи качулка, можеби има слушалки. Не гледаше, ја преминуваше улицата и го удри трамвај. Не можеше да закочи, веќе беше доцна. Возилото го фатило во корпата, која се користи за доколку дојде до несреќа жртвата од силината на ударот да не се преполови, туку лицето да се заглави во неа – објаснува извор од местото на настанот.

Според информации, момчето било пренесено во Ургентниот центар, а според неофицијални информации се здобило со повреди на главата и ногата. На улицата „Јуриј Гагарин“ во моментов се формираат големи колони возила, а брзата помош, полиција и противпожарни возила се уште се на терен, пишуваат медиумите во Србија.