– За мене претставува голема чест и задоволство што работи коишто денес ги гледаме во тука во Алкалоид во Скопје и во најсовремените светски фармацевтски компании, индустрии, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на “Алкалоид”.

– Тоа што не прави посебно горди е што го имаме тука и сме горди што е македонско. Јас му благодарам на директорот, благодарам на сите луѓе коишто денес ни покажаа со што располага оваа фармацевтска индустрија, оваа компанија. Можам исто така да кажам со задоволство дека повеќе од 3.000 вработени ја градат својата иднина овде во Алкалоид, најголемиот дел од нив се во Македонија, се разбира има и дел во претставништвата на Алкалоид надвор од Македонија, најголемиот дел од портфолиото на компанијата е извозно, би рекол повеќе од две третини од портфолиото е извозно. Тоа делува во насока на економската состојба на државата, зголемување на БДП, индустриското производство и ние како Влада секогаш ќе поддржуваме успешни приказни, вакви македонски успешни приказни бидејќи нема поголем промотор за една држава од ваква успешна приказна надвор од границите на државата, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

– Јас само можам уште еднаш да им честитам, да се заблагодарам на мојот колега од Владата министерот за здравство, на директорот на фондот, да се заблагодарам пред сè на вработените на А.Д. „Алкалоид“ што ја прават Македонија горда не само дома туку и надвор, на менаџментот, на генералниот директор еве што денес заедно бевме во посета на овој голем македонски производен капацитет и понатаму да продолжиме заедно да нижеме многу успеси и да го збогатуваме се разбира работењето и портфолиото на компанијата, рече Мицкоски.

фото Влада 19/12/2025