Денеска во 14:30 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја посети фабриката „Алкалоид“ АД Скопје во населено место Автокоманда, Општина Гази Баба.

Во рамки на посетата, официјално ќе биде пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет на „Алкалоид“ АД Скопје.