Како што објави полицијата во денешниот дневен билтен вчера во 16.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар, на паркинг позади угостителски објект, бил пронајден починато лице на возраст од 43 години од Велес.

МВР известува дека од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција,објави полицијата.