Министерството за култура информира дека е почнат процесот на исплата на платите во културата, со 10 проценти покачување, постапувајќи по Општиот колективен договор во јавниот сектор и Заклучокот на Владатата од 26.09 2023 година со кој се задолжуваат државните органи да ја зголемат основната бруто плата за 10%.

Владата обезбеди Oпшт колективен договор со кој сите добиваат 10% повисоки плати, и праведно е и во ресорт култура, вработените да ги добијат еднакво правата кои се овозможуваат со Општиот колективен договор, што Министерството за култура го спроведува.

По преговорите со синдикатите, СКРМ и СОНК за наоѓање најсоодветно правно решение за почитување на Заклучокот и спроведување на Општиот колектвен договор, платите почнаа да се исплатуваат по претходно добиените акти и пресметки од страна на директорите на установите.

Ги уверуваме синдикатите и вработените во културата дека не постои причина за недоверба за како што велат тие „злоупотреба на Заклучокот на Влада за доследна примена на Општиот колективен договор, пробувајќи преку наводно постапување по истиот да ја ограничи основната бруто плата на вработените во културата и да не дозволи раст предвиден со Колективните договори“.

Синдикатите кои ги претставуваат вработените во областа на културата не го прифатија Предлогот – Анекс на колективен договор за култура за регулирање за начинот на исплата на плата. Во целиот процес беа одржани неколку состаноци, вклучувајќи го и последниот на кој присуствуваа и претставници од Министерството за финансии и Државниот инспекторат на трудот, при што синдикатите беа известени дека поеднечните решенија се единствениот законски начин за исплата на плата. Потенцираме дека воопто не се работи за носење на едностран акт од права за работен однос, туку исклучиво на постапување согласно закон и носење решение за плата како поединечен акт од индивидуално правен карактер на работникот.

Временското ограничување до февруари 2023 година е заради фактот што во месец март 2024 година ќе има ново усогласување на постојната минимална плата и ќе се применува колективниот договор што е поповолен за вработените во јавниот сектор при што по овој период вработените лица ќе добијат нови решенија за исплата на плата.

Нема никаква заднина во спроведувањето на Заклучокот на Владата за покачување на основната плата во јавниот сектор од 10 проценти, која важи за целата држава. Имено, начинот на утврдување на основната бруто плата е дефиниран во Колективниот договор за култура и со поединечните решенија за плата само се констатира износот, се разбира зголемен за 10% согласно член 14 ОКД.

Воедно, како што во повеќе наврати укажавме, Министерството за култура останува доследно и транспарентно во целиот процес со целосно почитување и применување на законската регулатива која се однесува на работните односи. Демократскиот дијалог со синдикатите продолжува и Министерството за култура останува отворено за натамошна соработка и надминување на сите отворени прашања.