Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги објави своите мемоари „Слобода: Мемоари 1954-2021“ во која изнесува мноштво детали од својот приватен и професионален живот.

Во книгата, Меркел го споменува и поранешниот македонски премиер Зоран Заев, за кого вели дека е храбар и решителен.

Делото на Меркел истовремено беше објавено во над 30 држави во светот.

На повеќе од 700 страници, бившата германска канцеларка пишува за бројни светски лидери и настани кои ги обележаа изминатите децении.