СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца мажи на возраст од 26 и 32 години, двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
При претрес во нивниот дом, како и во дворот од соседна куќа, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.