Мал авион во кој имало две лица се урнал во Мавровското езеро денеска, соопшти Центарот за управување со Кризи.

– Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција, соопшти ЦУК.

Во несреќата едно лице е повредено, додека во авионот имало две лица.