Во недела, 27 октомври 2024 година, Северна Македонија ќе премине на зимско сметање на времето. Во 3:00 часот наутро стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, што значи дека времето ќе се помести на 2:00 часот. Со оваа промена, граѓаните ќе имаат еден час повеќе за спиење, а утрата ќе бидат посветли.
Зимското сметање на времето трае до последната недела во март следната година, кога повторно ќе се врати летното сметање на времето. Овој систем на промена на времето е воведен со цел да се користи дневната светлина во утринските часови, додека попладневните часови се скратуваат.