СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(32) од Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 24.06.2026 на Граничниот премин Табановце, при проверка на личниот багаж на пријавената, била пронајдена и одземена марихуана.