На 17.03.2026 во 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода маж(52) од Валандово.

Тој се сомничи дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот од дворно место сопственост на Ј.К.(70) од село Прдејци, гевгелиско, го одзел неговото патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки.

По преземени мерки, возилото е запрено во Гевгелија и по преземени мерки е констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.