На 23.05.2025 во 04.00 часот на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода лице од кавадаречко. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта.
Мажот е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...