Отсекот за компјутерски криминал и Отсекот за општ криминал при СВР Куманово поднесоа две кривични пријави против 25-годишник од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „полов напад и силување“, соопшти МВР.
-Тој креирал профил на социјални мрежи под лажно име и објавувал експлицитни содржини од неговата поранешна сопруга. При преземањето мерки и извршената анализа на случајот било откриено дека тој извршил и обљуба врз неговата поранешна сопруга, по што бил пронајден и лишен од слобода, извести полицијата.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...