На 09.07.2026 во 15:25 часот во ПС Гостивар, С.Ѓ. (45) од Гостивар пријави дека во текот на денот во Соборниот храм на улица „Илинденска“, непознат сторител извршил кражба. Според пријавеното, сторителот влегол преку отворена врата во просторијата за продажба на цвеќе во склоп на црквата и од касата противправно одзел 3.500 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.