„Се обединивме со регионот, со сите наши соседи, а поддршката на Европската Унија беше клучна во градењето побезбедна, посигурна и позелена енергетска иднина за државата. За растот на инвестициите во обновливи извори на енергија, кризата ја претворивме во можност, станавме лидери во енергетската транзиција на нашата земја и ја претворивме земјата во зелен енергетски хаб“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Цивил“.

Тој додаде дека тоа е огромна придобивка и за државата и за сите граѓаните, бидејќи за прв пат од независноста се носат низа системски одлуки со кои се насочуваме кон стратешки и одржчливо домашно производство на храна и енергија.

„Тргнуваме од природните потенцијали на нашата земја: плодна земја, сонце над 280 сончеви денови во годината, ветар и вода, вреден народ, како предуслов за производството на храна и вложување во обновливи извори на енергија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека со ставањето во функција сите енергетски капацитети кои ги имаме во државата, го зголемивме домашно производство на електрична енергија и ЕСМ наместо законски предвидените 60% производство на електрична енергија, обезбеди 100% струја за домаќинствата и за малите потрошувачи.

„И да напоменам, дека во споредба со претходната грејна сезона, оваа реализиравме зголемување на вкупното производство на електрична енергија од 45% кога никој не веруваше во тоа и кога скептиците велеа дека во текот на јануари и февруари оваа година ќе останеме без електрична енергија“ рече Ковачевски.