„Подобар стаднард, владеење на право, борба против корупција, здравство и образование се добиваат со члнеството во ЕУ. Земете ја Хрватска за пример, со која сме биле дел од југословенското општество. Со влегувате во ЕУ, во Хрватска платите се неколкукратно зголемени, пензиите зголемени, невработеноста намалена, дуплиран БДП, 33 отсто зголемен бројот на мали и средни претпријатија“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Фронтлајн“.
Тој додаде дека со Хрватска земјава тргна заедно на европскиот пат и заедно добивме кандидатски статус во 2005 година, а Македонија беше проектирана пред Хрватска да стане членка во ЕУ, бидејќи таму имаше војна.
„Ради неодлучноста и лошите политики на Иванов и Груевски, Македонија место да се европеизира, се антиквиризраше. Хрватска водеше преговори, одеше во Брисел, преговараше со администрацијата на Јункер, ние пречекувавме Хунзи на аеродромот, каде не убедуваа дека Македонците имале браќа во Пакистан“ рече Ковачевски.