СДСМ денеска на прес-конференција изнесе нови детали околу тендерот за ангажирање на агенција за обезбедување од страна на Службата за општи и заеднички работи, вреден 3,5 милиони евра.

Организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски во јавноста изнесе низа прашања до директорот на СОЗР, Ивица Томовски кои се поврзани со негови роднини, а еден од нив неодамна станал раководител на подружница во Охрид во фирмата која го добила тендерот од СОЗР.

Го повикуваме Томовски да излезе пред граѓаните и да одговори:

Дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистриано фрима на иста адреса со подружницата на „Праеторион ДООЕЛ“ во Охрид, имал проблеми со законите во соседна Србија? Дали неговиот роднина, Дарко Гашиќ бил упасен во Србија, заедно со уште 9 други лица, осомничени дека извршиле убиство?

Дали Гашиќ викан Праки учествувал во крвава пресметка меѓу две криминални банди во Белгард на 10 ноември 2008 година која резултирала со двајца загинати? Дали неговиот роднина Власе Танаскоски, кој ја раководи подружницата на „Праеториан ДООЕЛ“ во Охрид лежел во затвор во Албанија заради трговија со дрога? Дали овие денови во Калишта Танаскоски организирал ручек на којшто присуствувал и министерот Панче Тошковски?

И конечно, дали е ова обид за создавање на нова СГС агенција на ДПМНЕ каде ќе со партиски рекетари и бандити ќе се контролираат државните институции и ќе се перат пари? Исто како во време на режимот“ праша Костовски.

Костовски во име на СДСМ побара од надлежните инситуции да отворат истрага по допрен грас, а од Владата разрешување на Томовски додека трае постапката

Ова е уште еден доказ за корупцијата која владее во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе продолжи да се бори за правда, транспарентност и институции кои работат во интерес на граѓаните“ порача тој.