Денеска (01.10.2024), по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Отсекот за странци при Регионалниот центар за гранични работи Север во соработка со трудов инспекторат извршена е контрола во правно лице во Скопје. При контролата биле затекнати седум турски државјани, кои незаконски работеле во државата.
Лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и во текот на денот до Основниот суд Скопје1, против нив ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок по Закон за странци, спротивно на член 23, а казниво по член 217 став 1 точка 2.