Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ
Заговара ВМРО-ДПМНЕ меритократија, го прочитав овој термин пред некој ден. Новиот „концепт“ на Мицкоски, излезе објавен на курирските портали, тие клозетски клоаки на „чесните“ и „самоопределените“.
Првата помисла ми беше: аха, значи од партија која воведе апсолутна „дупекратија“ – сите беа во задникот на оној што името не сакам да му го спомнам – денес ќе правеле обратно, на пазарот е концептот на меритократија.
Гледате, почитувани? Им се помешала терминологијата: од партија која игра со псевдомонархистички и псевдосоцијалистички наративи, воведува концепт – меритократија – уште една псевдопарламентарна конфузија во нивните глави.
ВМРО-ДПМНЕ само до вчера, на Груевски му се обраќаше со: „Да живее кралот македонски“, а колку само до вчера, и тие почнаа со, „Кралот е мртов“, „Кралот е мртов“, „Кралот е мртов“. Благодарение на ова спознание, јеби га, и Грујо не е глупав: спрашти за Пешта. Бегството на Груевски е вистинска реткост, обично до сега претседателите и премиерите ги убивавме, им поставувавме бомби, а некои ги испраќавме да играат во кладилница и да ја замолкнат својата муцка додека постои македонскиот свет и век. Едноставно, така историјата не’ учи кога се во прашање македонските „державници“.
Знае и Мицкоски, а знам дека Мицкоски знае дека и јас знам, ВМРО-ДПМНЕ е партија која базди и корне од дупевовлекување. Додека не се напикаат во извршна власт, од опозиција ќе урлаат на сите страни дека се за ред, поредок и „меритократија“. Штом се доберат до власт – а чисто се сомневам, бидејќи ќе се спрепнат на „оштриот камен“ наречен Ковачевски – ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се обиде да воведе „дупекратија“, според истиот принцип што го посакуваше и практикуваше „мртвиот крал“, оној црниот, што спрашти за Пешта, името да не му го спомнувам.
Ајде сега да видиме што значи меритократија во самата политичка реалност.
За да се обогатиш во ВМРО-ДПМНЕ, прво и основно, мора да си близок со лидерот лично. И второ, мора да бидеш на власт. Мицкоски ако го прашате, ќе ви рече дека се збогатил затоа што бил способен. Ако го прашате оној што спрашти за Пешта, истото ќе ви го каже. Ако ја прашате нивната котерија од бизнисмени, новинари, батлери и келнери, истoто ќе ви го кажат. Сите овие се збогатиле затоа што биле способни.
Тешка лага.
Се збогатија затоа што беа привилегирани. Оттука и нивниот презир према идејата за еднаквост – затоа што на нееднаквоста и должат сè што имаат.
Нивната идеологијата денес, во суштина, не е национализмот на Мицкоски, ниту верскиот фанатизам, туку македонска верзија на неолиберализам, приказната за „успешните“. Мицковистите, помалку-повеќе, одлучни се, декларативно, дека фашизмот треба да се осуди.
Денес, опозиционата класа, од фашизмот на црниот што спрашти за Пешта, се обидуваат да се трансформираат во успешни европејци. Сè променија за сè да остане исто. Нивниот неолиберален социјален дарвинизам во основа е – фашизам. Од идејата дека животот е такмичење, произлегува идејата дека победникот зема сè. Позади тоа, пак, излегува дека вишокот треба да се исчисти, што значи губитникот нема да земе ништо. Губитникот е вишок.
Тоа понекогаш се нарекува кратење на трошоци, понекогаш отпуштање на вишок на работна снага, а понекогаш – етничко, верско или расно чистење.
Ако ги величиш способните, тоа значи дека ги величиш расните, националните или културно супериорните.
Затоа и десетгодишниот терор на груевизмот со приказните за „мнозинството“ над „малцинството“ природно и спонтано се трансформираа во успех на способните и супериорните.
Груевистичката фашистичка идеологија беше и остана продолжеток на фашизам со „други средства“. Денешните десничарски елити родени се во фашистичко опкружување. Фашизмот, во оваа или онаа форма, е нивно природно опкружување. За одржување на фашизмот потребни им се партнери, граѓани, кои тие ќе ги пљачкаат – затоа се работи дури и за совршено злосторство.
Ви треба ли уште примери? Земете го блокираното Скопје. И ќе видите за што точно зборувам.
извор Frontline.mk